„Во овие исклучително сложени и тешки предизвици со кои се соочуваме и како нација и држава, мораме да се сплотиме и многу поединствени и цврсти да чекориме напред.
Одговорноста е пред сите нас без разлика на партиската, етничка или верска припадност, затоа е неопходно разумно однесување и без поделби на патриоти и предавници, на победници и поразени, уште помалку да се двоиме по етничка основа.
Веруваме дека нема граѓанин што прифаќа да се разговара и преговара за промена на Уставното име на државата, но лидерите се тие што мораат да отвораат перспективи за сегашните и идните генерации и по цена да ја завршат својата политичка кариера.
Демократскиот сојуз, поаѓајќи од националните и државни интереси на Република Македонија, ја охрабрува Владата и сите лидери на политички партии (позиција и опозиција) храбро и достоинствено да продолжат да работат на СТРАТЕГИЈА за продолжување на евроатланските процеси и разрешување на отворените прашања со Грција.
Блокадата на овие процеси само ќе ја зајакнат позициите на екстремните структури и ќе ја вратат Македонија назад кон авторитарен систем“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.