Британскиот производител на луксузни автомобили „Rolls Royce“ објави први официјални фотографии од новиот луксузен модел „Wraith“.
Новиот луксузен Rolls Royce Wraith ќе биде официјално претставен на Саемот на автомобили во Женева во март годинава.
Луксузното купе „Wraith“ за разлика од актуелното „Phantom“ купе очигледно ќе биде со поспортски изглед и заоблени линии.
Оваа промена во дизајнот е почеток на нова ера за Rolls Royce, која веќе потврди дека Wraith ќе биде најбрзиот и најмоќниот модел некогаш произведен од овој англиски бренд.