Судијата Шабани не сака да го снимаат, нареди да му ја избришат снимката на снимателот на „Сител“

Од:

Судијата Осман Шабани, кој е член на судискиот совет за предметот „Титаник 2“, им нареди на припадниците на судската полиција на снимателот на ТВ „Сител“ кој имаше дозвола за снимање од Врховниот суд да му ја избришат снимката откако претходно, снимателот, покрај обвинетите, ги сними и судиите.

„Избришете му ја целата снимка“, им нареди Осман Шабани на припадниците на судската полиција.

Никаде во Судскиот деловник ниту во Законот за кривична постапка нема одредба во која е забрането снимање на судиите кога за тоа е обезбедена дозвола од највисокиот суд.

Ова слободно толкување на одредбите важи и за речиси сите останати судии кои не им дозволуваат на снимателите да го снимаат судискиот совет.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО