ДЗСИ со решение и дозволи на Катлановска бања повторно да згрижува лица со потреби од бањско лекување

Од:

Во интерес на обезбедување континуиран третман за бањско лекување за пациентите, на Катлановска бања со решение и се дозволува згрижување лица, кои имаат потреба од овој тип лекување, се наведува во соопштение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ДСЗИ наведува дека иницира дополнително усогласување на стандардите за згрижување на пациентите не само во Катлановска Бања, туку и во сите други бањи во државата.

Оттаму ја информираат јавноста дека до Катлановска Бања ДОО Катланово е доставено ново решение, со кое се изрекуваат дополнителни мерки, согласно констатираната фактичка состојба и доставената дополнителна документација од нивна страна во изминатиот период.

Решението е донесено согласно дополнително доставените докумети од страна на Катлановска Бања и затекнатата моментална состојба со останатите бањи на територијата на РМ, како и фактот дека е направен пропуст во однос на регулирањето на здравствените услуги во бањите во постојниот Закон за здравствена заштита од 2012 година.

ДСЗИ понатаму наведува дека заради усогласување на стандардите за згрижување на пациентите во Катлановска Бања, како и во сите други бањи во државата, овие установи се задолжени во најкраток можен рок да достават елаборати за простор, опрема и кадар, со посебен фокус на одделување на здравствената, со комерцијалната дејност.

Би можело да ве интересира

Специјалистите од Детска клиника не дежураат во амбуланта, тоа го прават специјализанти кои издаваат документација во нивно име

Катерина Ѓуровски

Младеновска: Договорите за вработување на Токсикологија се сметаат за непотпишани, законот не предвидел казна за Иљази

A1on

Државниот здравствен инспекторат ќе го испитува случајот на родилката од Делчево во штипската болница

Катерина Ѓуровски

Државниот здравствен инспекторат не констатирал пропусти во случајот со починатото новороденче

Катерина Ѓуровски

Не е пронајдна салмонела во шесте училишни кујни во Карпош

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска