Завршна конференција на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција по повод завршување на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, каде ќе се претстават главните постигнувања од петгодишното спроведување на проектните активности.

На настанот ќе се обратат претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери и министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Ќе бидат изложени и продукти од наставници како учесници во проектот, како што се наставнички портфолија, постери и рачно изработени сликовници.

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ има за цел да ја процени и подобри раната јазична и математичка писменост, да ги подобри педагошките вештини на наставниците и да ја информира целата јавност како вештините по читање и математика придонесуваат за интелектуалниот развој на учениците.

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија го спроведува овој проект. Проектот нуди иновативни пристапи и активности, како што се Библиотека на тркала и збирка ресурси за учење во печатена и дигитална форма. Алатките за процена на рана јазична и математичка писменост (ЕГРА и ЕГМА) кои се развиени од страна на УСАИД, во рамки на овој проект се адаптирани на локалните јазици и се користат во основните училишта.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството