Дончич МВП на сезоната во Евролигата

Од:

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончич е прогласен за најкорисен кошаркар оваа сезона во Евролигата.

19-годишниот играч на Реал Мадрид е најмладиот кошаркар кој го добил ова признание.

Тој пред одигрување на вечерашното финале со Фенербахче (20 часот), има индекс на корисност од 21,69 просечно по натпревар.

Наградата за потег на годината отиде кај Јан Весели од Фенербахче за изведбата против Жалгирис.

Најдобар стрелец, односно трофејот „Алфонсо Форд“ е за Алексеј Швед од Химки, најдобар дефанзивец е Кајл Хајнс од ЦСКА Москва, а најдобар млад играч Лука Дончич.

Младата ѕвезда на Реал се најде и во идеалната петорка заедно со Ник Калатес (Панатинаикос), Нандо Де Коло (ЦСКА), Торник Шенгелија (Басконија) 9 Јан Весели (Фенербахче).

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска