Дојава за атентат врз Ердоган за време на посетата на Балканот

Од:

Разузнавачките агенции добиле дојава дека врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска ќе допатува во посета на БиХ, би можел да биде извршен атентат, јави Фена повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Според достапните информации, во дојавата се наведува дека врз Ердоган за време на посетата на балканските земји, би можело да биде извршен атентат.

На турските разузнавачки агенции им е дојавено дека лица со турско потекло подготвуваат атентат врз Ердоган за време на неговата посета на Балканот во наредниот период.

Врз основа на дојави од различни извори, безбедносните сили покренале истрага. Во моменотв во тек се детални разузнавачки активности, и засега нема конкретни информации за денот, локацијата и за начинот на кој би бил извршен можниот атентат.

– Дојавата дошла од група турски државјани кои живеат во главниот град на Македонија, Скопје, јави агенцијата Фена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски