Куба формира специјална комисија за утврдување на причините за авионската несреќа

Од:

Кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел изјави дека е формирана специјална комисија која ќе ги утврди причините за авионската несреќа во која загинаа најмалку 110 лица.

Истражувачите ги прегледуваат остатоците од авионот со дел да најдат евентуални траги за причините за падот на авионот.

Авионот од типот „Боинг 737-200“, на мексиканската компанија „Дамох Аеролинес“, изнајмен од кубанскиот авиопревозник „Кубана де Авиасион“, се урна набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“. Требало да лета од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба.

Веднаш по инцидентот, авиокомпанијата „Кубана де Авиасион“ приземји некои од нејзините летала.

Изминативе месеци „Кубана де Авиасион“ повлече од сообраќај неколку свои застарени авиони, поради што беше приморана да изнајмува летала од други авиокомпании.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД