(ВИДЕО) Локвенец: 13 милиони евра од субвенциите за тутун се влеваат во Прилеп

Од:

„Владата предводена од СДСМ спроведува уште една клучна мерка од програмата. Започната е исплатата на зголемените субвенции за килограм предаден тутун.

Овие денови 20.880 тутунари по основ на субвенции добиваат вкупно околу 22 милиони евра. Од тие пари, најголем дел, односно околу 13 милиони евра се влеваат во Општина Прилеп, како најтутунарски регион во државата“, рече Хари Локвенец, пратеник во Собрание на Република Македонија.

„Новиот систем на субвенции обезбедува субвенции од 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета односно четврта класа килограм предаден тутун.

Тоа значи зголемени и навремени субвенции за нашите сограѓани, тутунопроизводители од Прилеп. За прв пат субвенциите се исплаќаат во вистински момент, тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да инвестираат во новата реколта.

Преку оваа мерка, ја докажуваме нашата грижа кон земјоделците односно кон тутунарите. Докажуваме дека Владата предводена од СДСМ го вреднува трудот на земјоделецот, ја цени маката на тутунарот.
Како владејачка партија остануваме посветени на развој на земјоделството и обезбедување на квалитетни услови за работа на тутунопроизводителите и земјоделците.

СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, развој на земјоделството и повеќе пари кај граѓаните. Зборот е збор!“, изјави Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите