Приведен овчарот Иснифарис Џемаили

Од:

Покрај неколкумина приведени за кражби, изминативе денови СВР апсејќи осуденици, го привела и Иснифарис Џемаили.

Џемаили, против кој има пресуда од три ипол години затвор поради перење пари и друга противправна користи и злоупотреба на службена положба, стана познат по случајот „Бачило“, во кој беа осудени и други лица за малверзации со државно земјиште. Државата на крајот на минатата година најави дека 10 негови нелегално стекнати станови и деловен простор ќе се продаваат на аукција.

Врз основа на судски наредби изминатава недела на територијата на Скопје се уапсени вкупно седум лица.

Тоа се 58-годишниот Идавер Б. од Скопје, осуден на затворска казна од една година, 45-годишниот Марин П. од Скопје за издржување едногодишна затворска казна и 42-годишниот Митко С. од Скопје осуден со правосилна судска пресуда на една година затвор, ситеза кривично дело “тешка кражба“.

Исто така, приведени се и 38-годишниот Љупчо З. од Скопје, осуден на затворска казна од три години исто така за кривично дело – “тешка кражба“, како и 24-годишниот Ѓоко Ѓ. од Скопје.

Приведен е и 53-годишниот Дилавер Р. од Скопје осуден на затворска казна во времетраење од две години и шест месеци затвор за кривично дело – “тешка кражба“.

Би можело да ве интересира

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки