ДС: Врховниот суд во Грција го одби барањето за екстрадиција врз основа на поништена аболиција

Од:

„Демократскиот сојуз укажува на тоа дека Врховниот суд во Грција, својата одлука за одбивање на барањето за екстрадиција за Бошковски и Грујевски ја заснова на поништена одлука за аболиција.

Како што е познато во почетокот на 2016 година Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на 56 лица, повеќето од нив носители на високи државни и политички функции.

Меѓу аболицираните беа и Бошковски и Грујовски.

Под притисок на јавноста, во јуни 2016 година, оваа одлука Ѓорге Иванов, ја повлече односно ја поништи, со што истата не може да се користи како основ за ослободување од кривична одговорност или за одбивање на барање за екстрадиција.

Одлуката на Врховниот суд во Грција отвора дилеми дали надлежните институции (Министерството за правда, Кривичниот суд што ја води постапката против Бошковски и Грујовски и др.) во Република Македонија ги презентирале сите факти пред судовите во Грција.

Овој случај само ја потврдува потребата од итни, сериозни и длабински реформи и во судскиот систем и државната администрација.

За овој и за многу други случаи треба детална анализа и утврдување на одговорноста на сите кои го кршат уставот и законите“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски