САД не можат да дозволат северните територии на Мали да станат засилниште за исламистичките бунтовници, кои потоа можат подиректно да им се закануваат на американските интереси, изјави денеска државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, при сослушувањето пред сенатската комисија за надворешни работи, посветена главно на нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во септември минатата година, пренесоа британските медиуми.
Нема сомнение дека алжирските терористи имаат оружје од Либија. Нема сомнение и дека малиските бунтовници од Ал Каеда во исламски Магреб имаат оружје од Либија, рече таа пред сенаторите.
Според Клинтон, овие оружја се изнесени од Либија по паѓањето на режимот на Моамер Гадафи и сега се во рацете на радикалните исламисти, кои ги контролираат северните делови на Мали, како и на терористите, кои зедоа заложници во гасниот комплекс во Алжир.
Клинтон додаде дека САД треба да се подготват за можноста групите, како Ал Каеда во исламски Магреб, да ги зацврснат своите позиици и да создадат закана од директни напади врз американски објекти.
Ние сме во битка, но тоа е неопходна битка. Не можеме да дозволиме Мали да стане безопасно засолниште за терористи, изјави таа.
Од понеделникот воените транспортни авиони на САД префрлаат француски војници и опрема од Франција во Мали. Претходно овој месец Париз испрати борбена авијација, а потоа и копнени сили во Мали, како испомош на владината армија, потсетуваат британските медиуми.