Путин: Мило ми е што Скрипал се опорави, доколку беше затруен како што тврдат не би преживеал ни ден

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека му е драго што поранешниот руски агент Сергеј Скрипал е пуштен од болница и му посака брзо закрепнување.

– Доколку беше употребен боен отров како што тврдат британските колеги, тој би починал на лице место, рече Путин на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест во англискиот град Солзбери на 4 март.

– Фала Богу што се опорави и излезе од болница. Се надевам дека ќе биде жив и здрав, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје