Во Битола обид за обљуба на 15-годишно девојче од роднина

Од:

Петнаесетгодишно девојче од Битола, во присуство на нејзината мајка, синоќа во СВР Битола во присуство пријавило дека Ѓ.Б. (46) од Битола, кој бил нивен подалечен роднина, се обидел да изврши други полови дејствија врз неа.

Според пријавата, Ѓ.Б. вчера околу 14:30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал да појде со него да и купи тренерки. Тргнале со такси возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат. Возило кое поминувало ја однело во нејзиниот дом, по што го пријавила настанот, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари