„Владата преводена од СДСМ продолжува со водење на успешни политики и преку конкретни мерки покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, за земјоделците и нивниот труд.
За прв пат навреме и неселективно исплатени се зголемени субвенции за тутунот.
Овие денови, 20.880 тутунари на своите сметки добиваат околу 22 милиони евра субвенции, за тутун“, рече Коста Костадинов, пратеник на СДСМ во Собранието на РМ.
„Субвенциите се зголемени и по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари субвенции по килограм тутун за трета, односно четврта класа.
Овој нов модел на субвенционирање им овозможува на тутунарите подобри услови за производство на поквалитетен тутун и повеќе приходи за нив и нивните семејства.
Реколтата 2017 година е со историски највисока цена од 217.6 денари по килограм, што е потврда за успешноста на мерките и политиките во земјоделството.
Со ова се остварува уште едно клучно ветување од Планот за живот: исплатата на субвенциите е неселективна, зголемена, редовна и навремена, односно земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најмногу потребни.
Со зголемените субвенции уште еднаш се потврдува нашата заложба за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните. Наша цел е достоинствени земјоделци коишто спокојно ќе живеат од својот труд.
СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ја предводи продолжува на остварувањето на зацртаните мерки кои обезбедуваат развој на земјоделството, повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните“, изјави Коста Костадинов, пратеник на СДСМ во Собранието на РМ.