Борисов: ЕУ не треба да се плаши од членство на земјите од Западен Балкан

Од:

Европската унија не треба да се плаши од прием на земјите од Западен Балкан, чиј бруто домашен производ заедно е колку оној на Словачка, а нивното население е помалубројно од она на Романија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

– Западениот Балкан има 17,7 милиони жители и БДП од 96 милијарди евра. Дали е тоа причине за голем страв и опасност за ЕУ?, запраша Борисов.

Тој нагласи дека на Самитот во Софија се водела плодотворна и искриена дискусија меѓу оние кои се за и против различните пристапи кон проширувањето за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Борисов праша зарем не е подобро земјите од Западен Балкан да преговараат со ЕУ и да се стремат кон исполнување на европските критериуми, отколку да им се дозволи на „други геополитички играчи да го зајакнат своето и онака силно влијание во регионот“.

– Јасно е дека силата на ЕУ во справувањето со сите прашања кои ги имаме со големите стратешки играчи во светот лежи во нашато единство, порача Борисов.

Говорејќи за единството, тој како значајно го нагласи тоа што денеска во Софија премиерите на Макеоднија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас „имаа добри вести за можен договор околу името“, како и тоа што претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи се ракуваа, а германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел Макрон заедно шетале низ бугарскиот главен град.

Борисов на прес-конеференцијата нагласи и дека за прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе се разговара и на претстојниот самит на Унијата, што ќе се одржи следниот месец.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател