(ВИДЕО) Меј: Треба да се здружиме сите заедно против Русија

Од:

Британската премиерка Тереза Меј по денешната средба со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, изјави дека Русија се обидува да влијае, како на европските земји, така и на земјите од Западен Балкан, преку сајбер напади и пропаганди.

– Важно е да се здружиме против Русија, поддршката од Македонија и другите земји е од големо значење за нас, рече Меј.

Таа истакна дека, како на самитот во Софија, така и на самитот во Лондон во јули, токму поради оваа причина, главна тема ќе биде безбедноста на регионот и руското влијаение врз него.

– Конфликтите од минатото знаат понекогаш да бидат тешки и нерешливи, но еднаш засекогаш мора да се соочиме со нив. Со добра волја можеме сите да одиме напред. Ве поддржуваме во решавањето на спорот за името со Грција и сметаме дека брзо решение е повеќе од потребно, бидејќи ќе биде од посебно значење и за двете земји, рече Меј.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Тереза Меј ќе бара продолжување на преговорите за Брегзит со Еу

Меј: Гласањето за Договорот од Преспа историски момент за Македонија

Наум Локоски

Џафери-Меј: Посилно Собрание значи посилна Македонија

Наум Локоски

ВИДЕО: Прес-конференција на британската премиерка Тереза Меј и Заев

Наум Локоски

(ВИДЕО) Заев и Османи на прием кај Меј: Велика Британија силно ја поддржува Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО

Наум Локоски

Телеграма со сочувство од Груевски до Тереза Меј

Наум Локоски