Главниот преговарач на Северна Кореја, Ри Сон Гвон денеска ја нарече јужнокорејската Влада „игнорантска и некомпетентна“.
Тој ги осуди американско-јужнокорејските воени вежби и се закани дека ќе прекинат сите разговори со Сеул доколку не бидат исполнети барањата на Пјонгјанг.
Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван вчера изјави дека Пјонгјанг ми можел да ја преиспита својата одлука за состанокот со САД доколку Вашингтон продолжи да бара унилатерална денуклеаризација.
– Доколку администрацијата на американскиот претседател е заинтересиран за унапредување на севернокорејско-американските односи, ние позитивно ќе одговориме на предлог средбата, истакна Ким.