ВИДЕО: Тереза Меј пречекана во Владата на РМ

Од:

Премиерот Зоран Заев и изрази срдечно добредојде на британската премиерка Тереза Меј во Владата на Република Македонија каде двајцата високи функционери ќе одржат тет-а-тет средба.

Меј заедно со делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е во еднодневна официјална посета на Македонија.

По завршување на тет-а-тет средбата на Меј и Заев, ќе се одржи и билатерален состанок на македонската и британската делегација.

Откако ќе завршат средбите, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес конференција на која ќе ги соопштат темите за кои се разговарало.

По посетата во Влада, Тереза Меј ќе го посети и парламентот на Република Македонија каде ќе се сретне со Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка