Тунтев: Пратеничката група на СДСМ позитивно гледа на предлогот на претседателот Иванов за нов гувернер на НБРМ

Од:

„Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во понеделник на координација ќе го разгледа предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, вицегувернерката г-ѓа Анита Ангеловска Бежовска да биде новиот гувернер на Народната Банка на Република Македонија.

Во изминатите неколку седмици се надевавме дека ќе се изнајде решение помеѓу претседателот Иванов кој го има правото да предлага гувернер на НБРМ и Парламентот, кој го избира гувернерот со мнозинство гласови од пратениците.

Станува збор за исклучително значајна позиција во Република Македонија, поради што личноста што ќе застане на чело на НБРМ мора да произлезе преку здрав и аргументиран дијалог помеѓу највисоките државни функционери, за да се дојде до заедничко прифатливо решение за гувернер.



На позицијата гувернер потребно е да застане човек кој ќе ја гарантира независноста на институцијата, кој ќе се грижи за развој и унапредување на банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата, и кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов. Лично сметам дека г-ѓа Ангеловска Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка.

Само да потсетам дека не така одамна, лани летото, ние како пратеничка група го искажавме нашиот афирмативен став и ја дадовме нашата поддршка за г-ѓата Анита Ангеловска Бежоска, кога го поддржавме и гласавме за нејзиниот реизбор на функцијата Вицегувернер(ка) на НБМ.

Имајќи ја предвид нејзината импозантна биографија, богатото искуство и нејзините професионални постигнувања, јас воопшто не се сомневам дека генералниот став на нашата пратеничка група во врска со овој предлог ќе остане непроменет – дека ќе биде позитивен и дека само ќе биде потврден на претстојната координативна средба на пратеничката група“, изјави Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“