Ц СЕЕД 201 – најголем ЛЕД телевизор во светот

Од:

Порше Дизјан Студио го претстави најголемиот телевизор во светот Ц СЕЕД 201, кој има екран со пречник од 4,9 метри.

Телевизорот е толку голем што мора да се чува надвор.

Моделот Ц СЕЕД 201 на австриската компанија Порше Дизјан Студио е достапен по цена од 660.000 долари. Од компанијата очекуваат годишно да продава по 25 вакви телевозори.

Кога е исклучен, уредот е заштитен, а кога ќе се вклучи седум панели излегуваат од заштитната структура и го формираат екранот на телевизорот.

Екранот е изработен од 725.000 ЛЕД диоди, кои имаат способност да прикажат 4,4 билиони бои. Уредот поседува и биометриски сензор за отисок на прсти, со цел да се спречи користење од неовластени лица.

Ц СЕЕД е нов бренд настанат по една година искуство. Брендот има единствено наследство бидејќи ги собира најдобрите умови од разни научни сегменти, нагласува Александар Сватек, од групата Глобал Брајт.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска