Боровинки и јагоди за помал ризик од срцев напад

Од:

Младите жени кои јадат многу боровинки и јагоди имаат помал ризик од срцев напад, покажало едно американски истражување.

Жените кои јаделе неделно над три порции боровинки и јагоди, најчесто конзумирани намирници кои го содржат флавоноидот антоцијан, имале 34 отсто понизок ризик од срцев напад во однос на оние кои јаделе помалку од тоа овошје.

Научниците сметаат дека боровинките и јагодите како другото црвено или сино овошје и зеленчук, содржат високи концентрации на антоцијан, флавоноид кој може да помогне во намалување на крвниот притисок и подобрување на функцијата на крвните садови.

Научниците од Харвард во текот на осум години следеле 100.000 жени на возраст од 25 до 42 години и собирале податоци за нивните прехранбени навики.

Во текот на тие осум години 405 имале срцев удар, од кои некои не преживеале.

Според резултатите објавени во списанието „Circulation“, испитаничките кои внесувале најмногу антоцијан имале 32 отсто помали шанси за срцев напад од оние кои внесувале најмалку.

Истражувањето утврдило дека други флавоноиди не биле поврзани со намалениот ризик од срцев напад.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава