Мицкоски на самитот на ЕПП во Софија: Поддршка за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По завршување на самитот на Европската народна партија со земјите од Западен Балкан кој се одржа денес во Софија, Бугарија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на истиот се разговарало за актуелните политички но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан.

Исто така Мицковски истакна дека во текот на денешниот ден се остварени повеќе билатерални средби со значајни лидери од Европа, како Себастијан Курц, Доналд Туск, еврокомесарот Јоханес Хан, каде што на истите било дискутирано за моменталната политичка и економска состојба во Република Македонија. На средбите било разговарано и за идните активности кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредниот период.

– Ги информирав за протесниот собир кој што ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата планира да го организира на 2 јуни пред владата во знак на разобличување на сите оние погрешни политики, во знак на сите оние неостварени ветувања, сите оние неисполнети очекувања кои што ги креираше Зоран Заев и групата околу него во изминатите година дена. Се надевам дека сите оние граѓани кои што се чувствуваат со неисполнети ветувања, сите оние граѓани кои што се чувствуваат обесправени и излажани, сите оние граѓани кои што се против овие ненародни политики на Зоран Заев и групата политичари околу него, ќе ни се придружат и ќе застанат рамо до рамо со нас и ќе го изразат својот револт на 2 јуни пред портите на владата на Република Македонија, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека од своите соговорници добил поддршка за сите идни чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

На маргините на самитот на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија.

На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

Воедно од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

Мицкоски ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски