Штипскиот Правен факултет ги презентираше резултатите од истражувањето за користење на дрога

Од:

Единаесет проценти од средношколците и студентите, кои биле анкетирани користат дрога, покажа анкетата на студентите од Правниот факултет. Ангела Димевска студент од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип вели дека дрогата најчесто ја користат момчињата, наместо девојчињата, а во делот на статусот, сиромашните и богатите се предаваат на овој порок.

Најчесто злоупотребувана дрога е марихуаната, но исто така имаме и проценти на злоупотребување на лековите за смирување и исто така испитаниците одговориле при ова истражување дека најчесто опојните дроги се злоупотребуваат на музичките фестивали, ноќните клубови и на изолирани периферни места, вели Димевска.

Истражувањето покажува дека 40 отсто од младите знаат за штетноста од користењето на дрогите, но забележуваат дека до неа и лесно се доаѓа.

– Во нашето истражување заклучивме дека поголем број од студентите имаат пристап до опојните дроги, повеќе за разлика од средношколците. Студентите и средношколците се информираат за штетноста на опојните дроги преку различни презентации, обуки, медиуми, интернет и преку комуникација со родителите, а најмалку информации добиваат од своите матични лекари, додаде Сања Стојчевска студент на Правен факултет

Универзитетскиот професор Страшко Стојановски вели дека направиле и споредба со истражувањето од 2015 година, при што анализите покажуваат дека новите резултати се загрижувачки и треба да бидат алармантни за институциите.

– Имаме пораст на злоупотребата на опојни дроги, особено, кај категоријата студенти и друг сериозен индикатор е и тоа што во делот на злоупотребата на опојни дроги оние, кои што се посилно психотропно дејство се повеќе се злоупотребуваат, од некаде околу 2 отсто пред три години, сега расте дури на 12 отсто , вели Стојановски.

Една третина од испитаниците одговориле дека во нивното најблиско опкружување има лица кои се корисници на дрога, а 60 отсто пак одговориле дека имаат подалечни познаници кои користат дрога. Резултатите од истражувањето се достапни за сите институции, а при анкетирањето се опфатени околу 400 средношколци и студенти од целиот источен регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко