Од Велес нови водоводни линии кон приградските и селски населби

Од:

Во областа на комуналната инфраструктура Општина Велес работи неколку значајни проекти.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, се работи на изведба на нова водоводна линија од Велес- од месноста Багремче во Нова Населба преку населбата Превалец до селото Горно Оризари.

– Договорот е веќе потпишан изведувачот е избран и очекуваме секој момент да се отпочне реализацијата на овој голем проект со кој ќе се реши проблемот со водоснабдување на Горно Оризари и воодно ќе бидат заменети старите штетни за здравјето азбесни цевки, појасни Коцевски.

Градоначалникот информира дека Општина Велес работи на нова водоводна линија од Велес преку село Раштани до село Бузалково за обезбедување квалитетна вода за пиење од градскиот водоводен систем на Велес за овие села.

– Штом ќе бидат финализираните сите детали во Министерството за транспорт и врски ќе биде распишан тендер и избран изведувач, појасни Коцевски.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ