Инфо-сесија за потребите од промена на развојната програма во туризмот и угостителството во Охрид

Од:

Согледување на постоечката состојба, предлагање најсоодветни предлози за идниот развој на туризмот и угостителството, иницирање конкретни решенија за предложените законски промени, како и дополнување на легислативата се целите на инфо-сесијата што со поддршка на УСАИД денеска се одржа во Охрид.

На собирот, насочен кон подобрување и полесно имплементирање на законите на РМ, а организиран од Сојузот на стопански комори на РМ, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и Стопанската комора на северозападна Македонија микро, малите и средните претпријатија што се занимаваат со туризам и угостителска дејност имаа можност да ги посочат сите потешкотии со кои се соочуваат во имплементирањето на законските обврски.

Александар Зарков, извршниот директор на Сојузот на стопански комори, истакна дека четири стопански комори имаат потпишано платформа за соработка и обединети ставови на бизнис-заедницата да ги пренесуваат на највисоко ниво до државните институции.

– Ова е единствен случај, не само во РМ, туку и во регионот, преку комуникација со партнери од земјата да се пренесат мислењата на стопанските субјекти од областа на туризмот…Прво вршиме анализа на секторот односно моменталната состојба на компаниите и проблемите со кои се соочуваат и истите директно ги пренесуваме до Владата и ресорните министерства. Втора цел е усогласување на легислативата во согласност со потребите на бизнис-заедницата, преку изготвување „чек-листи“ со законската регулатива за конкретно правно лице, а следен чекор е истото да биде достапно и во електронска верзија преку Интернет, истакна Зарков.

Информациите од денешната инфо-сесија ќе бидат содржани во предлог-политиките, односно предлозите, поврзани со регулативата, и ќе бидат соодветно обработени и со примери, како истите функционираат тука и позитивни примери од регионот, претставени пред надлежните државни институции.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, од своја страна рече дека секоја активност насочена кон подобрување на состојбите во туризмот и угостителството е од особена важност за локалните самоуправи како Охрид во која голем дел од бизнис-заедницата своите приходи ги остварува токму во дејностите како туризмот и угостителството.

Тој посочи дека Општина Охрид преку својата програма за туризам и локален економски развој е чинител и активен поддржувач на односниот бизнис-сектор. Посакувајќи им на сите субјекти успешна сезона, а за наредната сите детектирани проблеми што се под ингеренција на Локалната самоуправа да бидат адресирани до локалната власт со цел нивно отстранување и што подобро туристичко претставување на градот пред туристите.

– Ќе имаме можеби разидувања, несогласувања, ќе бидат посочени проблеми, но секогаш преку дискусија и заеднички пристап сме подготвени да работиме на решавање на проблемите на бизнис-секторот, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on