Вардар е повторно првак на Македонија

Од:

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет.

За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија.

Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција.

За разлика од пред неколку години, кога натпреварите со Металург го одлучуваа шампионот.

Вардар претстојниот викенд го очекува одбрана на трофејот во Купот на Македонија, на завршниот турнир што ќе се одржи во Битола.

А веќе на 26 и 27 мај во Келн се игра „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите, каде македонскиот клуб е бранител на европската титула и во полуфиналето ќе се соочи со Монпелје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска