Повреден 63-годишен мотоциклист во Велес

Од:

Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот.Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул. „Коце Димов – Витамин“ во Велес.

Шеесет и тригодишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен до ЈЗУ Општа болница во Велес, а оттаму препратен во Ургентен центар во Скопје.

Како што информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница од Велес при рентген снимка и преглед од хирурзите кај повредениот било утврдено скршеница на десна потколеница и уште неколку скршеници или политраума на ногата.

-Поради сериозноста на повредите на ногата, но вон животна опасност повредениот е препратен на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје, информира Андова.

Како што информираат од СВР Велес, по овластување на Јавното обвинителство увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски