СДСМ: Владата предводена од СДСМ за 11 месеци направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ партијата што остави пустош во секое поле, е најмалку повикана да зборува за состојбата во државата. Владата предводена од СДСМ иако наследи разнишан систем, со домаќинско и одговорно работење успева да ја стабилизира економијата и да ја врати довербата на граѓаните во институциите.

Клучните ветувања за почетокот на мандатот се реализирани. За само 11 месеци, Владата предводена од СДСМ направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години. 90.000 семејства директно ги почувствуваа придобивките од покачување на минималната плата, трошоците за живот се намалени преку укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата. Успешните економски политики овозможија државата да добива најниски економски стапки во историјата.

За само 11 месеци со одговорно и транспарентно работење, Владата предводена од СДСМ ја врати довербата на граѓаните во институциите, а реформите во судството овозможуваат неселективно владеење на правото, правда за сите и независно судство ослободено од партиски притисоци.

ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја приватизира државата и со расипничко и криминално владеење да им наштети на граѓаните. Новата Влада предводена од СДСМ преку домаќинско и транспарентно работење покажува како се работи во корист на граѓаните кои ги чувствуваат придобивките од спроведените мерки коишто овозможуваат економски раст и повисок животен стандард“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски