Во штипската Клиничка болница во функција е ставен ангеографот

Од:

По една година во дефект и обезбедени 50.000 евра за поправка, повторно е ставен во функција ангеографот на Интерно одделение во Клиничка болница во Штип.

Интервентниот кардиолог, Сашко Николов наведе дека вчера, пациент (37) кој е примен со развиен акутен инфаркт, веднаш е спасен, поради тоа што апаратот е ставен во фунција.

– Се изврши интервенција, стентирање на левата главна коронарна артерија и пациентот во стабилна здравствена состојба се наоѓа на одделот за интензивно лекување на интерно одделение, рече Николов.

Тој истакна дека ваквите интервенции за нив не се новина, а во моментот во ангеографската сала има доволно материјал за да се излезе во пресрет на 50 пациенти кои се запишани на листата за чекање.

– За жал имаше и такви кои починаа на пат кон Скопје или во нашата болница. Поради тоа, од круцијално значење е самата ангеографска единица да функционира, за да можеме да интервенираме веднаш. посочи Николов.

Капацитетот на ангеографската сала е од четири до пет интервенции дневно, дополнително се врши интервенција и на пациенти со акутен инфаркт. Во салата работат пет доктори, двајца интервентни кардиолози и тројца специјализанти на едукација.

Во изминатиот период од една година, итните пациенти од Истокот беа упатувани во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници