Во тетовско-гостиварскиот регион лани регистрирани 24 странски државјанки со нерегуларен престој

Од:

Дваесет и четири странски државјанки со нерегулиран престој или нелегално вработување и 84 девојки од нашата земја биле откриени во 16-те акциски и петте редовни контроли на 20 угостителски објекти што ги спровела полицијата лани во тетовско-гостиварското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Најголем број од откриените странски државјанки биле од Србија- девет, од Албанија – осум, а имало и од Бугарија и Косово кои во објектите биле ангажирани како танчерки, пејачки или друг угостителски персонал. Девојките од нашата земја најчесто биле на возраст од 20 до 35 години.

– Поради нерегулиран престој или нелегално вработување на странските државјанки им се поднесени соодветни пријави, по што им се изречени прекршочни санкции и глоби, како и безбедносни мерки за забранет влез во земјава од три до пет години и депортирање во нивните матични земји, рече Јосифовски.

Минатата година, според Јосифовски, во полошкиот регион во седум акциски и 42 редовни контроли откриени се и 102 странски државјани претежно „економски емигранти“ кои непријавено или нелегално на подрачјето извршувале сезонски полски или градежни работи најчесто во селата.

– Од нив 94 биле од Република Албанија, двајца од Република Косово и шест од Република Србија. Тие се соочиле со пријави, судски прекршочни санкции, глоби и безбедносни мерки за забранет влез од една до три години и депортација во матичните земји изјави Јосифовски. 

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски