ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да ги тргне розевите наочари и да ја види реалноста

Од:

„Време е СДСМ да ги тргне розевите наочари и да ја види реалноста. Република Македонија тоне. Економијата стагнира. Државата е заробена, правниот систем деградиран.

Со СДСМ на власт јавниот долг на државата за прв пат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра. Додека долгот енормно расте, државата стагнира, платите паѓаат, стандардот паѓа, а трошоците за живот се се поголеми.

Милиони нови задолжувања, а ниту една нова капитална инвестиција. Државата бележи пад на капиталните инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година изнесува само 7.4%.

Наместо најавеното покачување на платите, имаме пад на платите за 867 денари во однос на февруари со јануари оваа година. Во исто време додека платите паѓаат, цените растат. Граѓаните се се по сиромашни. Граѓаните живеат полошо од пред една година.

Дебаклот на економски план е пропатен со безидејност на сите полиња. Република Македонија под власта на СДСМ е нефункционална демократија. Законите не се почитуваат, а институциите се злоупотребуваат за партиски цели.

Власта не работи за интересот на граѓаните, туку за интересот на врхушката на власт. Ова расипништво мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Радмила Шекеринска дадена на отворената трибина на ОО СДСМ Бутел.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски