Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули

Од:

Ирското претседателство со Европската унија очекува Македонија да ги почне преговорите за членство во првата половина на 2013 година, истакнал шефот на дипломатијата на Ирска Имон Гилмор пред Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.

– Сакаме да видиме конкретен прогрес за сите земји-кандидати, вклучувајќи ги и потенцијалните. Во првата половина на 2013 ќе имаме шанса да ги отвориме преговорите со Србија и Македонија, на Албанија да и доделиме кандидатски статус, и да потпишеме договор за асоцијација со Косово. Знаеме дека ова е амбициозна агенда, но ирското претседателство ќе работи за прогрес на земјите од Западен Балкан, изјавил Гилмор, објаснувајќи ги приоритетите на ирското претседателство со ЕУ, пренесува италијанската агенција АНСА.

Ирска како претседавач ќе ја поддржи кандидатурата и на Босна и Херцеговина и затоа Гилмор очекува босанските власти да се ангажираат поактивно за интеграција на земјата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија