НДП се врати во Парламентот и предложи формирање анкетна комисија за настаните од 24 декември

Од:

Пратениците од НДП денеска го прекинаа бојкотот на Собранието и најавија дека до сите пратенички групи, вклучувајќи ги и оние на опозициските пратеници кои се уште се надвор од Парламентот, ќе достават предлог за формирање анкетна комисија за расветлување на настаните што се случија на 24 декември минатата година.

– Бидејќи ниту една партија нема ништо покренато за расветлување на ситуацијата, доаѓаме со предлог – одлука за основање на анкетна комисија за  утврдување на настаните во Собранието на Република Македонија случени на 24 декември. Предлагаме да се утврди одговорноста и причините за тоа што придонесе за исфрлување на пратениците и на новинарите. Бараме да се состави извештај со предлог мерки за надминување на оваа ситуација и за тоа мора да се расправа на пленарна седница, изјави пратеникот Изет Зеќири.

За да може да се формира анкетна комисија предлогот на НДП треба да добие поддршка од дваесет пратеници. Во него се предвидува претседателот и шест члена во рок од 30 дена да подготват извештај за настаните од 24 декември и тој да биде разгледан на пленарна седница.

Доколку нивниот предлог не биде прифатен и не се утврди одговорноста и причините, Зеќири смета дека нема да има разрешување на политичката криза. – Ова е најдобриот начин за иницирање за разрешување на оваа ситуација, смета пратеникот на НДП.

НДП, рече Зеќири, ги почитува препораките на меѓународната заедница дека се мора да се реши во рамки на институциите. Втората причина за враќање во Парламентот, според Зеќири, е тоа што власта ја користи оваа ситуација кога нема опозиција и предлага закони по скратена постапка и тоа закони за обезбедување на права за лични интереси. Најави дека и тој ќе предложи закон што ќе предвидува лично обезбедување да имаат и пратениците и тоа по двајца.

Зеќири рече дека НДП ќе има свои кандидати на локалните избори во март и потврди дека тој е кандидатот на партијата за Тетово, додека Руфи Османи повторно ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар. НДП ќе има свој кандидат и во Дебар.

Би можело да ве интересира

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште

Во Собранието пратенички прашања – први на новиот парламентарен состав

Катерина Ѓуровски

Катерина Димитровска e новата пратеничка во Собранието

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски