Сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп имала операција на бубрезите за бенигна состојба, соопштија од Белата куќа.
Операцијата поминала успешно и немало никакви компликации. Зафатот бил извршен во болница во Вашингтон и се очекува првата дама на САД таму да ја помине неделата опоравувајќи се.
Американските медиуми објавија дека Меланија Трамп е првата прва дама која имала сериозна медицинска интервенција за време на живеењето во Белата куќа по Ненси Реган, која имала мастектомија во 1987 година.