Во фабриката на Фиат во полскиот град Тики е произведенo двамилионитото возило модел Фиат 500. Популарниот Фиат се продава во над 100 земји низ светот, а 80 отсто од продажбата е надвор од Италија.
Во единаесеттата година од производството на Фиат 500, со околу 60.000 продадени возила во Европа во првиот квартал на 2018 година, италијанскиот производител на автомобили го бележи најдобриот квартал досега.
Фиат 500 беше најголем лидер на пазарот во девет земји (Обединетото Кралство, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија) и се издигна меѓу водечките три во седум други (Италија, Германија, Франција, Шведска, Словачка, Романија и Бугарија).