„Тојота“ со зголемена продажба и добивка

Од:

Кварталната добивка на јапонската автомобилска компанија „Тојота“ се зголеми за 21 отсто.

Профитот на Тојота во периодот од јануари до март достигна 480,8 милијарди јени (4,4 милијарди долари), додека истиот период минатата година изнесуваше 398 милијарди јени.

Приходите од кварталната продажба пораснаа на 7.580 милијарди јени (69 милијарди долари).

Во изминатата фискална година, завршена во март годинава, „Тојота“ оствари рекорден профит од 2.490 милијарди јени (23 милијарди долари), што е 36 отсто повеќе во однос на претходната фискална година.

Истовремено приходите се зголемени за шест отсто, на 268 милијарди долари.

„Тојота“ во претходната фискална година продаде 10,44 милиони автомобили во светот, во однос на 10,25 од претходната фискална година.

Во тековната фискална година, која завршува во март 2019 година, „Тојота“ очекува продажба од 10,5 милиони возила.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска