Почетен состанок за изработка на План за управување со сливот на Охридското Езеро

Од:

Во насока на заштита и одржливо управување со природните ресурси, утре во Охрид ќе се одржи иницијалниот состанок од активностите насочени кон изработка на Планот за управување на сливот на Охридско Езеро.

Планот за управување на сливот на Охридско Езеро преставува еден од најважните и најнеопходните документи за иднината на заштитата и управувањето со сливот на Охридско Езеро. Станува збор за билатерален македонско-албански документ, што ќе биде изработен согласно Европската рамковна директива за води и националните законодавства на дветe земји кои го споделуваат сливот на Охридско Езеро.

На средбата во Охрид ќе биде презентиран Почетниот извештај за изработката на планот за управување со сливот, што ги содржи принципите, насоките и етапите за изработка на самиот План за управување. Исто така ќе биде уредена и платформа за дискусија помеѓу сите надлежни институции за процесот и за методологијата на изработката.

– Заеднички, интегрален План за управување со сливот е алката што ни недостасуваше во заштитата и управувањето со Охридско Езеро. Овој план заедно со прекуграничната дијагностичка анализа на Дримскиот басен и Стратешкиот акционен план се основата за поставување надеж за зачувување на вредностите и за креирање на одржливата иднината во регионот. Тоа е впрочем нашата мисија и цел кон која тежнееме, изјави Дејан Пановски, националниот координатор за Македонија во Дримскиот проект.

Изработката на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро што се спроведува со финансиска поддршка на поширокиот проект за Дримскиот басен е предвидено да трае 18 месеци и да резултира со финален и усвоен План за управување со сливот на Охридско Езеро, согласно Европската рамковна директива за води.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство