Премиера на рускиот филм „Собибор“

Од:

Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот премиерно ќе го прикаже рускиот филм „Собибор“ за единственото успешно масовно бегство од германски концентрациски логор во Втората светска војна.

Проекцијата е организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија во рамки на одбележувањето 73 години од Победата во Големата татковинска војна.

Филмот е заснован врз настани од војната во нацистичкиот логор на смртта Собибор во окупирана Полска. Во октомври 1943 година поручникот на советската војска Александар Печерски, кој како заробеник бил во логорот, за само три недели успеал да организира бунт на затворениците од земјите на западна Европа и Полска, што е единствениот успешен бунт во нацистички логор на смртта.

Еден од најпопуларните руски филмски актери Константин Хабенски со овој филм дебитира како режисер и ја толкува улогата на Александар Печерски. Хабенски исто така е познат и по филмовите „Ноќна стража“, „Времето на првите“, „Адмирал“, а има играно и во холивудски остварувања како „Црно море“, „Баран“, „Крај на пријателството“, „Светска војна 3“.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска