Во австрискиот град Блајбург, каде што се одбележуваше 73 годишнината од убивањето на Усташките војници на крајот на Втората светска војна, дојде до инцидент помеѓу учесник и новинар.
– Ѓубре едно, немој мене да ме снимаш, довикуваа момчињата кон новинарите.
Овој собир е означен како најголемо собирање на профашисти и есктремни десничари во Европа.
– Сакаш да се пресметаме?, довикна едно момче со хрватска шаховница на маицата кон новинар на хрватски „Индекс“.
Момчето потоа му го одзеде телефонот на новинарот, демонстрирајќи сила, се додека еден човек од организацијата не му пристапи и му покажа „каде му е местото“.
Кога момчето го забележа човекот му го врати телефонот на новинарот и исплашено и поразено се повлече.