Во Штип одбележан Денот на сестринството

Од:

Здружението на медицински сестри од Штип со свечена седница денеска го одбележа Денот на сестринството.

Претседателот на Здружението на медицински сестри-Штип, Мирјана Смилков истакна дека најтешка задача е да се прогласи некој за најдобар во нивната хумана професија, а годинава на државно ниво две медицински сестри од Штип беа прогласени за најдобри.

Надица Стојанова е првата медицинска сестра од приватниот сектор што добива високо признание на државно ниво, а е предложена од нејзините колешки од државните здравствени установи и од нејзините пациенти.

– Се надевам дека мојот пример ќе го следат и останатите колешки од приватните здарвствени установи и ќе станат членови на здружението, бидејќи е здружение на сите медицински сестри, вели Стојанова.

На денешната свечена седница одделението за Гинекологија и акушерство при Клиничката болница-Штип беше прогласено за најдобро одделение поради најмалата неонатална смртност во државата.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена