Заменик министерот Павлески во посета на општина Долнени

Од:

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи оствари работна средба со градоначалникот на општина Долнени, Џемаил Ќамили.

На работната средба се разговарало за поддршката што ќе ја добие Општината во наредниот период, во висина од околу 60 илјади евра за подобрување на општинските услуги и за подобрување на патната инфраструктура, како и за состојбата и предизвиците со кои се соочува во своето функционирање и за идните планови и активности на општината.

Посетата на општина Долнени, Павлески ја искористи за средба со жителите на село Средорек, на која што се разговарало за начинот за решавање на проблемот со кој што се соочуваат секојдневно овие жители со пристапниот пат кој е во многу лоша состојба.

Заменик министерот Дејан Павлески истакна дека Министерството за локална самоуправа во рамките на своите ингеренции дава максимална поддршка на општините преку Програмата за рамномерен регионален развој, а тој лично, како досега, така и во иднина ќе се залага пред сите институции, органи и пред Владата да се помогне особено на населението во руралните места за да се подобрат условите за живот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски