Димитров: Иднина и Европа за нас се два збора синоними

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во обраќањето пред неговите колеги во Сунио се осврна на насловот на конференцијата „Иднината на Европа“ велејќи дека за земјите кандидати за членки во ЕУ од Балканот, „иднина“ и „Европа“ се два збора синоними.

– За нас на Балканот, државите кандидати, земјите аспиранти, иднината на Европа, двата збора од насловот на сесијата се речиси синоними. Кога мислиме на нашата иднина мислиме на Европа, кога мислиме на Европа се работи за нашата иднина. Ние исто така се чувствуваме и препознаваме дека се обидуваме да фатиме подвижна цел, рече Димитров во почетното обраќање.

Шефот на македонската дипломатија додаде дека оваа е важна година за регионот.

– Мислам и верувам во многу историска година поради бугарското претседателство, поради различни елементи што го одново го вратија вниманието на Европа кон регионот и дека имаме можност да успееме и имаме опасност да паднеме, рече Димитров и додаде дека на сите им е јасно дека членството во ЕУ нема да се случи преку ноќ, туку дека се потребни години, но како што наведе „треба да инвестираме политичка енергија и политички капитал во процесот што на некој начин ќе ја комплетира Европа“.

Министерот за надворешни работи говореше за заедничките и унифицирани гласови што треба да ги имаат земјите од регионот за да можат пораките да стигнат до ЕУ.

– Ние сите знаеме дека гласовите околу масата, некои големи некои мали, не можат да се слушнат во големата дискусија во Брисел дали за проширувањето или за иднината ако гласовите не се блиски или унифицирани, додаде Димитров, велејќи дека токму затоа е корисна иницијативата за иднината на Европа.

Во однос на консолидацијата на Европа, шефот на македонската дипломатија рече дека „не можеме да се разговарс за консолидација на Европа без да се говори за консолидација на Балканот“ и како пример ја спомена мигрантската криза.

„Beautiful Macedonia“ е терминот што со насмевка на лицето, го искористи шефот на македонската дипломатија говорејќи за нашата земја, на што неговиот грчки колега, неофицијално (говореше со исклучен микрофон) му дофрлил дека и Албанија е исто така убава, а Димитров, повторно со насмевка, одговори дека постои поубава.

Конкретниот термин „Beautiful Macedonia “го употреби и самиот Коѕијас, на крајот од првата сесија, говорејќи за земјите од регионот.

„Beautiful Macedonia“ е терминот што го искористи шефот на македонската дипломатија говорејќи за нашата земја, на што неговиот грчки колега, неофицијално (говореше со исклучен микрофон) му дофрлил дека и Албанија е исто така убава, а Димитров одговори дека постои поубава.

Конкретниот термин „Beautiful Macedonia“ го употреби и самиот Коѕијас, на крајот од првата сесија, говорејќи за земјите од регионот.

На конференцијата за иднината на Европа во Сунио, освен Македонија и домаќинот Грција, учествуваат и министри од Словачка, Унгарија, Црна гора, Босна и Херцеговина, Полска, Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Чешка и Косово.

На маргините на конференција, се очекува министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров да одржи повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска