Хрватската ИТ компанија „М Сан“ најави дека ќе произведе Вивакс смартфон во второто тримесечие од годинава, додека новиот Вивакс таблет ќе се појави на пазарот во март.
– Продажбата на Вивакс таблетот досега е многу добра и затоа подготвуваме и модел 10’’, како и втора генерација на моделот 7’’, кој ќе се појави во продажба во март, изјави директорката за корпоративни комуникации на „М Сан“ групата Гордана Беуковиќ.
Таа нагласи дека овие два модела ќе бидат со двојадрени процесори, Андроид 4.1 и ќе бидат со многу прифатливи цени.
Станува збор за хрватски производи, кои се резултат на домашно знаење и истражување, со кои доаѓа и локална поддршка, софтверски надоградби и кои се тестирани да работат со Гугл Плеј, односно не се генерички ОЕМ апарати кои масовно се произведуваат во Кина и на кои увозниците само го ставаат своето лого.
Првиот хрватски смартфон, освен што ќе го користи најновиот Андроид, исто така, ќе биде подготвен за користење на две мобилни мрежи, доносно со две СИМ картички, и наводно ќе биде наменет за слободна продажба.