Евролигата денеска ја објави идеалната петорка за сезоната, која се состои од Ник Калатес (Панатинаикос), Нандо Де Коло (ЦСКА Москва), Лука Дончиќ (Реал Мадрид), Торнике Шенгели (Басконија) и Јан Весели (Фенербахче).
Претходно, Дончиќ беше избран за најдобар млад кошаркар, ѕвездата на Химки, Алексеј Швед за прв стрелец, а наградата за дефанзивец на сезоната отиде кај центарот на ЦСКА – Кајл Хајнс.
Остана уште да се избере вториот најдобар тим, МВП и најдобриот тренер за сезоната 2017/2018.