Апел за „Лето без пожари“ во струмичко

Од:

Со мото „Лето без пожари“ СВР Струмица, заедно со Регионалниот центар за управуање со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“ и Територијалните противпожарни единици, апелираа до граѓаните на зголемена будност и внимателност од предизвикување пожари во претстојниот период, соопштија денес од струмичката полиција.

-Внимателност при движење во шумите, како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, стрништа, плевел и отпадоци со што заедно ќе придонесеме за зачувување на шумите и истите да ги оставиме во наследство на идните генерации, стои во сооштението.

Доколку забележат пожар граѓаните веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 193 , 195 и 192.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите