„Во Општина Карпош по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП Паркови и зеленило, исече две тополи. Ова е сторено, по претходно утврдени испитувања за состојбата на двете дрва.
Општина Карпош нема издадено налог за сеча на дрвата во Карпош 4, а освен тоа, што е позначајно, на постоечката локација не е предвидена изведба на било каква инфраструктура или градежни активности“, се вели во соопштението на Општина Карпош.