Ограбени две цркви во тетовско

Од:

Две тешки кражби извршени од засега непознати сторители во цркви во Копанце и Радиовце биле пријавени вчера во полиција, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според пријавите, двете кражби биле извршени во периодот меѓу вторник и среда.

Кражбата во црквата „Свети Никола“ во Копанце била пријавена од Ч.Е. (74) од ова село и според неговата пријава непознатите откако не успеале насилно да ја отворат влезната врата исто така насилно ја провалиле металната каса поставена до вратата и одзеле околу 1.000 денари во разни апоени, а потоа со камења го скршиле прозорецот од источната страна на црквата, влегле внатре и од отворената каса одзеле околу 1.500 денари.

Со одземените парични средства преку претходно скршениот прозорец непознатите ја напуштиле црквата и незабележани од никого се оддалечиле од местото рече Јосифовски.

Случајот со тешка кражба во црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Радиовце вчера околу 18 часот ја пријавил Т.М.(66). Во овој случај непознатите сторители најпрво го скршиле стаклото од десната страна на влезната врата, целосно ја пребарале внатрешноста на црквата и од иконите и делот за палење свеќи одзеле од 500 до 1000 денари во разни апоени. Потоа на ист начин како што влегле така и излегле од црквата и заминале во непозната насока.

Полицијата извршила увид на двете места и презема мерки и активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Ограбени две цркви во Тетовско

Од:

Поголема сума пари биле украдени од две цркви во тетовско, во Ратае и Туденце, ноќта помеѓу средата и четвртокот информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во првиот случај сторителите насилно провалиле во црквата Свети Атанасиј во Ратае така што направиле отвор во алуминиумскиот дел од влезната врата и откако влегле внатре од една фиока и од иконите одзеле околу 600 денари прилози од верниците. Тие откако го исекле синџирот на вратата, провалиле и во шупата до црквата, но тука не одзеле ништо.

Вкупната материјална штета се проценува на околу 3.000 денари.

На сличен начин била ограбена и црквата Света Петка во Туденце од каде непознатите одзеле околу 10.000 денари.

Полицијата извршила увид и на двете места и работи на откривање на сторителите рече Јосифовски.

Според податоците на полицијата, во текот на минатата година имало околу десеттина случаи на провалување и ограбување цркви во тетовско и тоа во Мала Речица, Џепчиште, Милетино, Фалише и на други места. Слични бројки има и за гостиварското подрачје, каде цел биле црквите во Мала Река, Кичица, мавровскиот регион, особено селата каде има малку или воопшто нема постојани жители. Освен пари што се главна цел на крадците при провалувањето на црквата во Мала Река, минатата есен, биле одземени и икони како и вратите од олтарот.

Би можело да ве интересира

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он

Скандалозното националистично навивање „влезе во серија“, МВР и Обвинителство го истражуваат случајот со фановите на Шкендија

Катерина Ѓуровски

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор