Јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за работни односи

Од:

Измените и дополнувањата на Законот за работни односи што ги предлага Министерството за труд и социјална политика се носат во нетранспарентна постапка без вклученост на граѓанските организации, а неколку одредби се дискриминирачки кон жените и не ги штитат нивните права, сметаат од Хелсиншкиот комитет за човекови права која ја иницирал денешната јавна расправа во собранската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Затоа, бараат измена на одредбите што се однесуваат на договорите за вработување на определено време, како и користење на родителското отсуство, кои, како што рече Неда Чаловска Димовска од Хелсиншкиот комитет, се битни за родовата еднаквост и недискриминација на жените.

Бараме, потецира таа, заштитата по основ на бременост и заштита на семејство и користење на родителското отсуство да може да се примени и во случаите на договори на определено време така што тие нема да можат да бидат прекинати откако работодавачот ќе биде известен дека жената е бремена или дека работничка или работник ќе го известат дека ќе користат родителско отсуство.

Од Хелсиншки бараат и да се отстрани условот за користење на породилно отсуство, што предвидува ако тоа не може да го користи жената, да го користи мажот, туку да се уреди законски мажот да користи барем една третина од родителското отсуство.

Државниот секретар во МТСП Јована Тренчевска истакна дека законските измени и дополнувања пред се се резултат на потребата за допрецизирање на одредени членови, но и вградување на препораките на „Дуинг Бизнис“ во делот на должината на јавниот оглас за вработување, како и отворање фирма.

Измените, рече таа, се изработени во консултација со Организација на работодавачите и синдикатите како социјални партнери. Исто така, појасни, тие 21 ден биле достапни на системот ЕНЕР и секој кој имал забелешки можел да ги достави. Најави дека се работи на изработка на целосно нов закон за работни односи.

Претседателката на Комисијата Даниела Рангелова имаше забелешка на неприсуството на министерката Мила Царовска јавната расправа, а Тренчевска појасни дека била на настан во друг град, планиран пред расправата да биде закажана.

Членовите на Комисијата од влеадејачките партии забележаа дека е нарушена процедурата за организирање ваква расправа, со оглед на тоа што, како што рекоа, измените и дополнувањата не се стасани во Собранието ниту на прво читање. Затоа, рекоа, не се знае дали решенијата ќе бидат исти како овие по кои се дебатира. На ова реплицираше Ангелова и рече дека организирањето на расправата е во рамки на процедурите и надлежностите на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска