Прв меѓународен студенски конгрес на штипскиот Факултет за медицински науки

Од:

Почна Првиот меѓународен студентски конгрес на Факултетот за медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во следните два дена ќе се презентираат над 100 трудови и ќе бидат одржани предавања на студенти и универзитетски професори.

– Имаме околу 400 пасивни ученици, слушатели кои ќе можат да ги слушнат презентациите на предавачите, изјави Александар Лонгуров, претседател на Организациониот одбор на конгресот.

Универзитетскиот професор Вело Марковски вели дека целта на професорите била да ги поттикнат студентите самите да се вклучат во научно-истражувачката работа.

– Имаме повеќе од 130 трудови, од кои 40 ќе бидат усни презентации и многу е важно што побаравме, трудовите да бидат од сопствени истражувања, а не само од литература, иако и тоа е признато како наука. Меѓутоа, сакавме да ги внесеме во вистинското истражување, изјави Марковски.

Според деканот на Медицинскиот факултет Рубин Гулабовски, студентите освен знаење, покажале како е и да се биде и општествено одговорна личност.

Ректорот на Универзитетот Блажо Боев најави дека секогаш ќе ги поддржуваат настаните организирани од студентите. Тој смета дека ваквите настани се одлична можност за студентите од другите факултети во земјава и странство да ги видат условите за студирање на Штипскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена